Skip to main content
Македонија

Гол маж трчаше низ Охрид – ги шокираше граѓаните на кејот и во центарот на градот

05/02/2025  23:42

Сосема гол маж денеска го искористил сончевиот ден за релаксирачки џогинг во Охрид, предизвикувајќи неверување и шок кај граѓаните кои се нашле на кејот и во централното градско подрачје, објави „А1он“.

Според порталот, човекот сред бел ден, „како од мајка роден“, протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите, без никој да го запре.

Снимки од несекојдневниот инцидент се појавија на социјалните мрежи. Видеата прикажуваат како мажот трча речиси низ целиот центар на Охрид, додека дел од минувачите со неверување ја следат сцената, а некои му довикуваат погрдни зборови.

Засега нема информации за идентитетот на лицето и дали полицијата интервенирала.