Skip to main content
Македонија

Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: „Жив човек којшто работи знае и да погреши“

27/10/2024  15:17

„Жив човек којшто работи знае и да погреши“, премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше одлуката на Комисијата за помилување која вчера даде колективна оставка. Мицкоски кој беше на потпишувањето на договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините, очекува ова тема да се затвори.

– Жив човек којшто работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата којашто се занимава со теми од областа на помиувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто коишто тие го имаат како морален чин а тоа е да се повлечат, тоа и го направија. Така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, вели Мицкоски.