![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/fb_img_1738777956358.jpg)
Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи алармира дека до него стигнала информација дека жена од една соседна земја доаѓа во Македонија нс повик за да пораѓа жени во домашни услови.
Тој ги предупредува жените дека ваквата ситуација може да ги доведе во опасност родилката и новороденчето, додека дел од граѓаните во коментарите споделуваат лоши искуства од гинеколошките одделенија во државава, кои ги опишуваат подеднакво небезбедни и во нехигиенски услови.
“Имам инфо дека акушерка од соседна држава доаѓа и пораѓа по дома во Скопје. Колеги од итна помош да бидат внимателни.
Расмислете многу добро дали ви е потребно да ризикувате цел свет да ви се сруши за нешто тотално неразумно и небезбедно, оваа држава има обезбедено родилишта целосно бесплатни, има приватни родилишта, не си играјте со својот и со живот на неродено дете”, напиша тој на Фејсбук.
Во коментарот една жена сподели сопствено искуство на ГАК во Скопје:
“Се` си мислам да не пишувам и да не оставам коментари зошто знам дека нема да променам со тоа што ќе кажам вистина, но некоја објава баш ме влече за јазик да не речам тастатура. Пред 11 години се породував во кумановското родилиште. Во собата во која чекавме со трудови болки бевме три жени и една веќе се пораѓаше во сала. Докторката доаѓаше на неколку часа и не повикуваше на еден бокс во истата соба за да провери колку сме отворени за породување, жената пред мене што беше искрвари на столот и јас одбивав да се качам велејќи и на докторката дека не сакам да се прегледувам на нечист стол, таа зема од бирото покрај столот едно ливче, нешто налик на оние за сметкопотврда, не беше дури ни А4 формат, туку на половина од таа големина, го залепи врз она вирче од крв и рече: “Качувај се!” Ја гледав во чудо и шок и неверување, се качив на столот да ме прегледа. Потоа зачестија трудовите болки и некоја вресна од сестрите близу до собата до нас: “Доаѓај ваму!” Едвај некако отидов цела во болки реков: ” Повелете, кажете зошто ме повикавте” Едната сестра со ококорени очи ми се обрати и ми рече: “Зошто викаш?!” Одговорив: ” Многу ме боли”, ароганцијата на сестрата продолжи: ” Кое дете ти е ова по ред?” Одговорив второ. “Па што си ишла на второ кога знаеш дека боли!” Врескаше хистерично, реков смирено и веќе немајќи сили: “Затоа што сум мазохист, а Вие сте во моментов теротист” и си заминав во собата. Подоцна во породилната сала истата сестра пред да дојде лекарката ми се обрати: “Престани да викаш или ќе ти залепак шамар! Ако продолжиш да викаш ќе ја напуштам салата па пораѓај се сама!”. Породувањето помина многу тешко, јас завршив со драстично покачени леукоцити и примав терапија антибиотска во инфузијата наутро и навечер и никој не сакаше 3 дена да ми објасни што примам и зошто примам, иако неколку пати ги прашав и сестрите кои ми ставаа терапија и лекарите кои доаѓаа на визита. Така да среден век било што ќе дојде да ме породи сестра во далеку почисти услови, на топло и во чиста постелнина?! Па сега да сум родилка попрво би потпишала да се породам како во среден век, отколку да ми вришти некоја исфрустрирана акушерка, да фаќам инфекции по родилиштата во државното здравство кое патем го плаќам уредно 20 и кусур години како мал приватен трговец поединец. А бе ајде!, напиша таа.