На 16.02.2025 (недела) во 17:00 часот ќе се одржи нов ПРОТЕСТЕН МАРШ!
“Пред протестниот марш, во наредните денови, заеднички работиме на два клучни процеси кои ќе ја оформат насоката на дејствување:
1. УЛИЧНИ ФОРУМИ – Ова нема да бидат само средби, туку места каде што ќе се оформуваат реални чекори за промена. Граѓанскиот глас ќе има директно и суштинско влијание врз насоката на протестот и понатамошните активност
2. Формулирање на барањата – Ова не е протест со однапред дадена агенда. Врз основа на уличните форуми, барањата ќе произлезат од граѓаните, преку отворена дискусија, аргументација и заедничка заложба.
Дополнителните информации за самиот протест (рутата, неговиот карактер и динамика) ќе бидат објавени во следните денови, заедно со датумите на одржување на уличните форуми.
Секој е повикан, секој глас е важен!”, стои во објавата на “Кој е следен” на Инстаграм.