Skip to main content
Хроника

Пациентка пријавила физички напад од лекар во “8 Септември” подоцна ја пријавил и тој

05/02/2025  17:10

Пациентка и лекар меѓусебно се пријавиле за физички напад. Настанот се случил во болницата „8 Септември“ во Скопје.

„Денеска во СВР Скопје, пациентка пријавила дека во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје била физички нападната од лекар. Подоцна, во СВР Скопје и лекарот пријавил дека во болницата бил физички нападнат од пациентка“, се вели во билтенот на МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.