Skip to main content
Македонија

Уставниот суд го поништи Законот за данок за солидарност – државата сега е должна да врати 50 милиони евра на 156 компании

05/02/2025  16:22

Уставниот суд го поништи Законот за данок за солидарност. Оваа одлука значи дека сега државата е должна 50 милиони евра да им врати на 156 компании кои беа оданочени на крајот на 2023 година. Законот опфаќаше компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра.

Главната цел на овој данок беше да се соберат средства за ублажување на економските последици од кризата, како и да се допринесе на јавните расходи на солидарен начин. Иницијативите за оценување на уставноста на законот беше поднесена од страна на неколку компании.

Пред уставните судии беа три опции поништување на законот, а исто така можеше законот за солидарен данок да се укине и во иднина ниту да може да се донесе, ниту да се применува, а државата немаше да плати ништо како и да се запре постапката.