![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/11/restoran-1.jpg)
Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се поскапени за 5,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во јануари 2025, пак, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0.2 проценти.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3, Безалкохолни пијалаци за 0.1 и Ноќевања за 0.3 отсто.