Припадници на Бирото за јавна безбедност утрово извршуваат акција во зградата на Министерството за внатрешни работи.
Биле извршени претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици.
Според неoфицијалните полициски информации, била отпочната истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.
Акцијата која ја прави Бирото за јавна безбедност, според првичните информации, во исто време претреси вршат и во неколку економски оператори меѓу кои добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата.
Повеќе детали очекуваме од Министерството.