Skip to main content
Спорт

Ембид се врати со трипл-дабл и кош за победа, Леброн блескаше во триумфот над Клиперси

05/02/2025  10:40

Џоел Ембид со трипл-дабл ја предводеше Филаделфија до победата над Далас 118:116. Во исто време, Лејкерси во градската пресметка ги декласираа Клиперси со 122:97.

Ембид се врати во тимот на Филаделфија, откако пропушти 15 натпревари. Го предводеше тимот со 29 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Најефикасен кај Фила беше Тајрис Макси со 33 поени, 4 скока и 13 асистенции, додека 19 поени, 8 скока и 4 асистенции имаше Гершон Јабуселе.

Кај Далас се истакна Кајри Ирвинг со 34 поени, 9 скока и 4 асистенции.

Во Лос Анџелес, Лука Дончиќ гледаше како неговите нови соиграчи ги растураат Клиперси. Леброн Џејмс беше главниот лик на натпреварот со 26 поени, девет асистенции и осум скока.

Леброн го следеа Остин Ривс и Руи Хачимура со 20 поени.

На другата страна Норман Пауел се истакна со 20 поени, но ѕвездите не блескаа. Џејмс Харден погоди два од 12 шута за седум поени, додека Кави Ленард имаше само 11 поени.

Резултати:

Филаделфија – Далас 118:116
Бруклин – Хјустон 99:97
Кливленд – Бостон 105:112
Торонто – Њујорк 115:121
Чикаго – Мајами 133:124
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 97:122
Портланд – Индијана 112:89