Хумористичната страна на кралското семејство: И тие понекогаш имаат добри шеги

Кралското семејство на Велика Британија е веројатно најпопуларното кралско семејство во светот. Тие се појавуваат во јавноста многу повеќе од кралските семејства во други земји и затоа мислиме дека знаеме многу за нив.

Иако често се сериозни и професионални, членовите на британската монархија знаат да нафрлат по некоја шега. Освен што се моќни и богати, некои од се и многу духовити.

Чарлс и Кејт имаат добри трикови, но најдобриот во тоа дефинитивно е Вилијам. Овие цитати сведочат за нивната добра смисла за хумор:

Сè е поради косата…
Кејт и Вилијам требало да присуствуваат на забава. Кога пристигнале малку подоцна од очекуваното, ја прашале Кејт која е причината за нивното доцнење, таа одговори: „Вилијам мораше да прави фризра“.

Вистинска лекција
На прашањето што научил додека растел, принцот Вилијам одговорил: „Научив дека не смеам да се зафркавам со баба ми“.

Разочарување
Непосредно пред едно од неговите патувања во САД, принцот Вилијам рекол: „Секој пат кога ќе сретнам деца на кои им е кажано дека доаѓа принц од вистинскиот живот, гледам разочарување на нивните лица кога ќе ме видат без круна или наметка.“

Интересен одговор
Кога односите меѓу принцот Хари и неговото семејство беа добри, на Лондонскиот маратон во 2012 година тој ветил дека следни ќе трчаат Вилијам и Кејт. Следната година, кога го прашале за неговиот брат и снаа, тој одговорил: „Тој е стар, а таа е бремена“.

Правила на бонтон
Кога принцот Филип требало да каже нешто за правилата на бонтон, тој рекол: „Кога маж на својата сопруга ѝ ја отвора вратата на автомобилот, тоа е или затоа што има нов автомобил или нова жена“. Интересно размислување!

Непосредно пред раѓањето на правнуката
Неколку дена пред да се породи Кејт Мидлтон, кралицата Елизабета рече: „Се надевам дека ќе се роди наскоро, бидејќи одам на годишен одмор“.

Љубов кон внуците
Принцот Чарлс исто така има одлична смисла за хумор. По раѓањето на неговиот прв внук, принцот Чарлс беше запрашан дали е среќен што стана дедо. Тој одговори: Многу! И супер е што внукот можеш да го вратиш на неговите родители кога сакаш “.

Најсмешната шега
Ова е веројатно најсмешно. Принцот Вилијам го прашале зошто е толку слаб, и тој одговорил: „Готвењето на Кејт е причината“, пишува Genmice.

Треба да знаете
Последни објави