Skip to main content
Свет

Камион удри во возила, па падна од надвозник, има загинати: страшна несреќа во Турција

03/02/2025  09:11

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога камион удри во три возила, а потоа падна од надвозник во градот Шанлиурфа.

При падот, камионот повлекол и автомобил, во кој претходно удрил, јави ТРТ.

Во областа се испратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи.

На социјалните мрежи се појавија ужасни снимки на кои се гледа како возилата паѓаат од надвозникот.