Skip to main content
Македонија

Оваа работна седмица ни носи многу поладно време, особено наутро и со температури до -10 степени!

03/02/2025  08:33

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа работна седмица во Македонија ќе имаме значително поладно време, односно, ќе бидеме под влијание на ладна  и на релативно сува воздушна маса која ќе продира од истокот  и од североистокот на Европа. Температурите позначително ќе опаднат, особено во ноќните  и во утринските часови, кога минималните температури насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, особено од оваа среда.

Повремено ќе засилува ветер од северен правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди.

Наутро температурите во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места,м секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите ќе се спуштат  и до околу -10 степени. Преку ден пак температурите исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени.

И во Скопје  и околината ќе имаме слично време како и во останатите дселови од Македонија.