Skip to main content
Магазин

Британец освоил 83 милиони на лото, но се уште не се пријавил да ја подигне добивката

01/02/2025  22:20

Лицето кое освоило премија од 83 милиони фунти на лотаријата EuroMillions во Обединетото Кралство се уште не се огласила да ја подигне наградата, соопшти компанијата Олвин, која ја организира лотаријата.

Компанијата објави дека непознато лице во петокот ја имало уплатено добитната комбинација со броевите 2, 11, 19, 30 и 49, и дополнителни броеви 3 и 8, но дека веќе шест дена никој не се јавил да ја побара наградата.

„Не можам да верувам дека има некој кој освоил награда и сè уште не ја подигнал. Има 83 милиони причини зошто би можеле да ја побараат својата награда. Ги повикуваме сите кои играле на лотарија да ги проверат ливчињата”, рече Енди Картер, консултант за лотарија на компанијата Олвин.

Олвин потсетува дека минатата година четири лица ја добиле главната награда на лотаријата и дека најголемата награда што некогаш била исплатена била 195 милиони фунти во јули 2022 година.