Студентите денеска блокираат три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешницата на градската железничка станица.
Блокадата започна во 15 часот. Варадински и мостот Жежељ мост беа блокирани три часа, а Мостот Слобода ќе биде блокиран 24 часа.
Blokirani mostovi u Čačku ❤️ pic.twitter.com/qi3Kur6zsw
— Nikola Vujadinović (@vujadino2) February 1, 2025
На демонстрантите им се придружија белградските студенти кои во четвртокот тргнаа пеш кон Нови Сад.
По примерот на Нови Сад, денеска се блокирани и мостовите во Чачак, а граѓани протестираа и во неколку други српски градови.