Шокантни сцени пристигнуваат од Манчестер, каде пожарникарите мораа да реагираат на помалку од два часа пред клучниот меч меѓу Сити и Бриж, по пожарот што се случи на стадионот „Етихад“.
Илјадници навивачи веќе беа во околината на стадионот, дел од нив и влегоа на трибините, кога се запали еден од фан-шоповите во непосредна близина на арената. Пожарот набрзина се прошири, навивачите беа благовремено евакуирани, а пожарникарите реагираа навреме за тој да не стигне до подтрибинскиот простор.
Според информациите од Англија, не би требало да има доцнење на почетокот на дуелот меѓу Манчестер Сити и Бриж, на кој домаќините имаат единствена цел – победа, бидејќи секој поинаков исход ќе значи и елиминација на тимот на Пеп Гвардиола од Лигата на Шампионите.