Skip to main content
Хроника

Скопјанка дома држела 12-годишник кој го нападнал нејзиниот син

29/01/2025  11:30

Полицијата привела четириесет и шестгодишна скопјанка која дома држела основец кој бил насилен кон нејзиниот син.

Според пријавеното од Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, по што го однела во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.