Skip to main content
Македонија

Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени

28/01/2025  13:56

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи по примерот на Хрватска и Црна Гора.

Според фотографијата што се рашири на мрежите, граѓаните се повикуваат да не пазарат в петок, на 31 јануари, за да биде гласно испратена пораката дека покачувањата на цените се нерелани.

Бојкотот на маркетите почна минатата недела во Хрватска по што се прошири и кон Црна Гора и БиХ.

На темата утрово се огласи и опозицискиот СДСМ, од каде што ги обвинија владата и премиерот Мицкоски дека се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас.