„Ако не поминете низ колективни бури, сцили и харибди, ако сериозно не пострадате, не можете да бидете озбилна политичка фигура“ пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ на социјалните мрежи.
Тој додаде дека за личноста Заев ова општество има врзано колективна траума, која е иманентно социјална и политичка, која не може да се пребрише, бидејќи тој е политичка личност која досега е незапаметена на овие простори.
„ Не си играјте играчки со ‘муртинецот’ од Струмица. Бил и ќе остане (Црни)бомбардер, ако ме разбирате што сакам да ви речам“ вели Јовановиќ.
Тој повикува дека потребно е останатите да се мотивираат помеѓу себе, да се инспирираат, а ако можат, немаат храброст, идеи или инспирација да се тргнат, за да не ги „убиваат“ другите во симболичка смисла.
„Погледајте ги, на пример, Камала и Обама со своите “комплицирани идентитети” како синоќа се мотивираа, со колкава страст зборуваа еден за друг, со колкава волја зборуваа за еден подобар и похуман свет. Иако и тамо бројките не им одат во корист“ пишува Јовановиќ.