Јагуриноски ќе стисне заби и ќе игра против Аргентина?

Македонија можно е да биде комплетна за натпреварот против Аргентина (18ч), бидејќи повредата на Томислав Јагуриноски од првото коло, против Норвешка, не се покажа сериозна.

Новиот десен бек на Вардар одигра неполно полувреме, кога го повреди скочниот зглоб и беше изнесен на раце. Го пропушти дуелот со Холандија, но остана тука во Краков и покрај тоа што од Скопје стигна негова замена, во Давид Савревски.

Пред вчерашниот тренинг, селекторот Кире Лазаров даде изјава со која отвори можност неговиот директен наследник на теренот да се врати.

„Се надевам дека ќе бидеме комплетни. Доколку има шанса Томи Јагуриновски ќе биде на располагање, но не сме се уште сигурни“, истакна Лазаров.

Тој беше стартер со Норвешка и во тие 25-26 минути само потврди дека има забележлив напредок, кој го демонстрира и во пролетните бараж-дуели со Чешка и со Норвешка, затоа би бил од голема помош ако денеска игра.

Ако не, Мартин Серафимов ќе биде повторно стартер, а Давид Савревски ќе ја чека својата шанса од клупата, иако пред се во одбраната.

Треба да знаете
Последни објави