Skip to main content
Забава

Најдобрите готвачи на светот во пржените лепчиња секогаш ја додаваат оваа евтина тајна состојка

25/10/2024  20:50

Совршените пржени лепчиња се крцкави на краевите, а нежни и меки во средината, не треба да бидат премногу мрсни, ниту пак суви, а исто така не е дозволено да бидат прегорени или недоволно печени … Но, сосема сигурни сме дека никогаш не сте успеале да добиете токму такви – без ниту еден од горенаведените киксови.

А се работи само за внимателна подготовка, трпение и трикови на искусните мајстори, кои ви ги пренесуваме сега. Значи, доколку вашите пржени лепчиња се „тегават“, загорени се или пак „живи“, еве каде грешите и како тоа да го поправите.

Лебот го сечете премногу тенко
Доколку кришките се премногу тенки, лебот лесно може да се распадне бидејќи смесата од јајца е „тешка“. Парчињата треба да бидат дебели околу сантиметар и пол.

Користите свеж леб
Секогаш е подобро да се користи леб кој отстојал барем еден ден.

Ги пржите на путер
Путерот гори на високи температури, па затоа е далеку подобро да се користи растително масло.

Не користите млеко
Иако тоа не е вообичаена практика кај нас, сепак пржените лепчиња многу се повкусни кога во смесата со јајца се додава и млеко, и тоа полномасно!

Ставате премногу јајца
Некоја груба формула за подготовка на смесата од јајца е дека за две кришки леб треба да се искористи четвртина шолја млеко и едно јајце.

Заборавате зачини
Прстофат ким, бибер или малку пармезан во смесата ќе ги направи обичните пржени лепчиња „ремек дело“, а доколку сакате слатка варијанта тоа нека биде цимет, ванила или шеќер во прав.

Нетрпеливи сте
Маслото мора да биде врело за лепчињата да не апсорбираат премногу маснотии. Пржете ги на среден оган по неколку минути од секоја страна.