Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Вевчано поради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
„Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа“, велат од МВР.
Во меѓувреме иако без лиценца тој примал редовна плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа.