Skip to main content
Хроника

Уапсен криумчар на мигранти, превезувал лица од Непал и Индија

23/01/2025  13:08

Синоќа во 18.15 часот на автопатот Табановце – Куманово, полицијата го уапсила 44-годишниот З.Д од Велес поради превезување на три лица, мигранти.

„Тој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, качувал три лица мигранти, од кои двајца од Непал и еден од Индија. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а по целосно документирање на случајот, против З.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.