Skip to main content
Македонија

Министерство за правда интензивно работи на  измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик

23/01/2025  12:12

Во изминатиот период беа формирани работни групи за изготвување на предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет и предлог измени на Кривичниот законик, велат од Министерството за правда

За претседател на работната група за  изменување и дополнување на Законот за Судски совет именувана е Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Врховен суд на РСМ.

Членови на работната група се:

1.           Д-р Денис Прешова, вонреден професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први” –  Скопје;

2.           Д-р Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје;

3.           Александар Камбовски, Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија; 

4.           Аритон Ала, член на Судски совет на Република Северна Македонија;

5.           Зоран Герасимовски, судија во Апелационен суд Скопје;

6.           Исмета Амет, судија во Виш управен суд на РСМ;

7.           Ивана Петковска, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации;

8.           Јелена Кадриќ, претставник на БЛУПРИНТ групата на граѓански организации;

9.           Александра Цветановска, посебен советник на министер во Министерство за правда на РСМ;

10.        Николина Микеска Костадиновска, раководител на сектор правосудство, Министерство за правда на РСМ.  

За претседател на работната група за изготвување на предлог измени на Кривичниот законик именувана е Д-р Александра Деаноска Трендафилова, професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први,, – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј,,- Скопје

Членови на работната група за измени и дополнувања на кривичниот законик се:

1.           Цветанка Периќ, судија во Врховен суд на Република Северна Македонија;

2.           Елвин Вeли, јавен обвинител во Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија;

3.           Даниела Алексовска Стојановска, судија во Основен кривичен суд Скопје;

4.           Владимир Туфегџиќ, адвокат;

5.           Жарко Хаџи-Зафиров, претставник на БЛУПРИНТ група на граѓански организации;

6.           Никола Прокопенко, државен советник за казнено законодавство во Министерство за правда на РСМ.

Очекуваме во најскоро време работните групи да излезат со предлог законски решенија.