Skip to main content
Македонија

ДУИ: Срамен чин на манипулација со државни пари, обвинителството да реагира

22/01/2025  08:36

Интегрален текст од соопштение на ДУИ:

Во чин без преседан на манипулација и измама, претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е изградена врз лаги и манипулации. 

Нивните јавни изјави за некакви официјални покани за учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп претставуваат срамна измама и грд обид да се создаде илузија за меѓународна поддршка. 

Наместо да ги претставуваат достоинствено интересите на граѓаните, тие се појавија шетајќи по улиците на Вашингтон, објавувајќи гротескни фотографии на социјалните мрежи пред плакатите на церемонијата и владините објекти. 

Оваа јавна фарса, платена со пари од даночните обврзници, е врв на манипулациите кои го карактеризираат овој политички субјект без визија, морал или одговорност кон граѓаните. 

Со овој срамен потег, тие се понижија себе си, ги понижија Албанците, а го доведуваат во прашање и интегритетот на институциите кои ги предводат пред очите на светот. 

Покрај политичката манипулација, во овој случај се работи и за груба злоупотреба на јавни средства за скапи прошетки во чија основа се недолични политички цели. 

Овие поединци секако не ја претставуваат волјата на народот, но овој пат го покажаа вистинското лице на нивната алчност, личните интереси и темните агенди.  

Бараме секој од овие поединци прво веднаш да ги објави средствата кои државата ги потрошила за оваа нивна екскурзија, а потоа обвинителството за борба против корупцијата да започне целосна и непристрасна истрага за овој скандал. 

Измамниците да ја прекинат злоупотребата веднаш и средствата да ги вратат во буџетот на државата.