Македонската ракометна репрезентација со ново реми го почна настапот во втората фаза на СП 2025, откако попладнево ремизираше со Австрија во драматичен натпревар.
Македонија со голот на Филип Кузмановски од 15 метри во последната секунда дојде до второто реми на Мундијалот.
Марко Митев беше најефикасен кај Македонија со шест голови, пет голови даде Жарко Пешевски а четири Филип Кузмановски.
Во следното коло противник на Македонија ќе биде селекцијата на Катар