Доналд Трамп во понеделникот официјално стана нов претседател на САД. Церемонијата на инаугурацијата беше проследена со ручек и бал, а потоа Доналд и неговата сопруга Меланија танцуваа бал во конгресниот центар „Волтер И. Вашингтон“.
Меланија за која често се коментира како речиси секогаш e намуртена во јавноста, имаше постојано насмевка на лицето додека танцуваше со сопругот.
По впечатливото појавување со шеширот, Меланија подоцна се пресоблече во бел фустан без прерамки со елегантни црни детали.