Skip to main content
Хроника

Маж тешко повреден во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор

25/10/2024  12:21

На 24.10.2024 во 15:00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.С.(41) од Кавадарци и мопед управуван од М.Ј.(34) од с.Манастирец, општина Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.