Skip to main content
Македонија

Собрани средствата за Ана – наскоро ќе оди на операција во Германија

17/01/2025  13:33

Убава вест дојде попладнево од семејството на 16 годишната Ана Радеска од Скопје, кои ја известија јавноста дека за само неколку дена ја собраа потребната сума за нејзината операција и лекување во Германија.

Граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост и со нивна помош се надеваме Ана ќе ги продолжи своите тинејџерски години без грижи и болки.

“Благодарение на сите вас хумани луѓе, Ана на крај на идниот месец заминува на операција во Бамберг, Германија.

Семејството Радески од срце ви благодари за вашата хуманост и вашата големина која сите вие ја покажавте во изминативе 5 дена”, додаваат од семејството.

“Силата на овој народ се гледа преку хуманитарни акции. Не е ни прв пат, а ни последен. Имаме сила планини да поместиме!!!

Драги другари, пријатели, роднини, познати и непознати сограѓани, немам зборови со кои можам да ви се заблагодарам за вашите донации, пораки и поддршка во овие 4-5 дена

❗️Парите за Ана се СОБРАНИ!!!!❗️❗️

Се надевам дека во животов ќе имам прилика на некаков начин, некогаш да вратам услуга, и да враќам само за убави настани.

Сега одиме на фаза II – припрема за операцијата”, додава мајката на Ана.