Skip to main content
Скопје

Без вода дел од општина Карпош, а без струја дел од општините Зелениково, Ѓорче Петров и Карпош

25/10/2024  07:47

Денеска, поради промена на вентил во шахта ф 2“ на улица Никола Русински бб (за Македонска Пошта), прекинато водснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од улицата Никола Русински и детската градинка во општина Карпош.

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:

· Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково населено место Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, С,есница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;

· Од 08,30 до 12,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Волково;

· Од 09,00 до 13,00 часот општина Карпош дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае;

· Од 13,30 до 14,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Радуша