Skip to main content
Македонија

Последен ден од новогодишната кошница – Ќе се покачат ли цените на основните производи?

14/01/2025  13:21

Денеска е последен ден од новогодишната кошничка, која од утре престанува да важи, а со тоа речиси 1,200 производи ќе се продаваат без органичена маржа од 10%.

Надлежните се надеваат дека трговците од утре нема да ги покачат цените на основните прехрамбени производи

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека постојано се на терен, според нивните проценки трговците ја почитувале новогодишната кошница, во изминатиот период имале само ситни забелешки и по укажување на инспекторите , тие биле отстранети.

По апелите од власта пред нова година трговците самоиницијативно во кошничката додадоа уште 30 до 50 производи и ги намалија цените на зејтинот, јајцата, оризот, шеќерот , месото и месните производи

Властите од почетокот на март најавуваат слични мерки со намалени цени и за Рамазан, а од средината на април и за велигденските празници.