Skip to main content
Магазин

Грција воведува нов данок за туристи од 2025 година

14/01/2025  09:34

Од 1 јануари 2025 година, Грција воведува нов данок за климатска отпорност, кој ќе го замени постојниот данок за престој. Како што објави порталот „Грција инфо“, овој надоместок ќе се наплаќа од гостите во сите типови на сместувачки објекти, вклучувајќи хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување.

MK Summit

Новиот данок има за цел да ги поддржи напорите за заштита од последиците на прекумерниот туризам и да придонесе кон одржлив развој и климатска отпорност.

Слично како и досега, данокот ќе се наплаќа посебно од туристите и нема да биде вклучен во основната цена на одморот. Сепак, во некои сместувачки објекти, сопствениците може да го преземат овој трошок, вклучувајќи го данокот директно во цената на сместувањето.

Оваа мерка е дел од пошироките напори на најпопуларните туристички дестинации за справување со предизвиците од масовниот туризам, додека обезбедуваат подобра инфраструктура и заштита на природните ресурси.