Надал го „збриша“ Руд за 14 титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал е победник на овогодинешното издание на Ролан Гарос и тоа откако попладнево во завршниот меч на турнирот го надигра Каспер Руд од Норвешка со 3-0 во сетови.
Дали ова беше последниот меч на Шпанецот ќе се зна по специјалната прес конференција која тој ја најависабајлето.

Најдобриот шпански тенисер не дозволи никакво изненадување, чудо на „Филип Шатрие“ во Париз каде имаше одредени проблеми само во вториот сет, но истите брзо ги надмина и го збриша противникот. Рафа го доби првиот сет со 6-3 за да на стартот на вториот не искористи три брејк топки по што противникот успеа да дојде до 3-1 во гејмови.

Од тука започна доминацијата на Шпанецот кој ги доби наредните пет гејма за 6-3 за да потоа воден од ова го докрајчи Норвежанецот со 6-0 за 14. титула на Френч Опен или севкупно 22 грен слем пехар со што сега има два повеќе на вечната листа од Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Надал ја забележа 112. победа на Ролан Гарос во 115 одиграни меча. Тој притоа стана најстариот шампион во историјата на парискиот турнир.

Ова беше прво гренд слем финале во кариерата на 23-годишниот Руд, кој е своевиден ученик на Надал, имајќи предвид дека од 2018 тренираше во неговата академија на Мајорка.

Треба да знаете
Последни објави