Skip to main content
Економија

Владата со ново задолжување од речиси 74 милиони евра, јавниот долг расте

24/10/2024  19:17

Три нови државни обврзници продава Владата чија вкупна вредност е 73, 8 милиони евра.

Според податоците на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, првата обврзница е издадена на 19 октомври со вкупна вредност од 22,66 милиони еврана три години и со каматна стапка од 3,95 отсто, втората е со вредност од 9,38 милиони евра и ќе се отпаќа до 2039 со каматна стапка од 5,6 проценти, додека пак третата е проценета на сума од 31,72 милиони евра со камата од 5,6 отсто. Овие државни обврзници немаат девизна клаузула.

Јавниот долг на крајот од првото економско полугодие изнесувал 60,5% или 8,87 милијарди евра, со покачувањето на пензиите и унгарскиот кредит ќе порасне на над 62 проценти од БДП, со што Македонија припаѓа во групата на високо задолжени земји.