Skip to main content
Македонија

Пајак му го кренал автомобилот, ја обил капијата на депото и си ја вратил колата

11/01/2025  17:40

На 10.01.2025 во 18 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркинг простор на улицата „АСНОМ” во Охрид, кој го користи ЈП  „Комуналец – Механизација”, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло” со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието, и откако го отклучил, заминал со него.

Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.