МЗТ Скопје ја одбрани титулата со триумф во Битола

МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во домашното кошаркарско првенство во Битола каде го совлада Пелистер (102:93) и стаса до третиот триумф (3:1) во финалната серија. За МЗТ Скопје ова е деветти шампионски трофеј во клупската историја, додека Пелистер го играше своето прво финале во разигрувањето за титулата во мак-баскетот.

Немања Милошевиќ со 31 поен, беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје и на крајот беше прогласен за МВП на финалето, а одлична партија прикажаа и Војдан Стојановски и Рикиќ кои постигнаа по 17 поени. Кај Пелистер, најефикасни беа Малешевиќ со 21 и Кесар со 19 поени.

На патот до титулата во финалето од плејофот, МЗТ Скопје Аеродром забележа два убедливи триумфи на домашен терен од 91:76 и 86:62, додека Пелистер во првиот натпревар во салата „Боро Чурлевски“ славеше со 82:79 по продолжение.

Треба да знаете
Последни објави