Денвер го совлада Бруклин со 124:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук испишаа историја во НАБ лигата.
Јокиќ се врати во тимот на Денвер, откако поради болест пропушти два натпревари. Натпреварот го заврши со 15. трипл-дабл сезонава. Актуелниот МВП имаше 35 поени, 12 скока и 15 асистенции.
Двоцифрен во три статистички категории беше и ветеранот Вестбрук (25 поени, 11 скока и 10 асистенции).
Ова дуо по трипл-дабл забележа и пред новогодишната ноќ во Солт Лејк Сити кога Денвер ја победи Јута Џез со 132:121. Против Бруклин станаа првиот тандем соиграчи што забележал трипл-дабл на два натпревари во иста сезона.
NIKOLA JOKIC AND RUSSELL WESTBROOK ARE JUST THE 2ND TEAMMATES IN NBA HISTORY TO RECORD A TRIPLE-DOUBLE IN THE SAME GAME MULTIPLE TIMES 🔥 pic.twitter.com/sD2OYN2L52
— SpunkCenter (@SpunkCenter) January 11, 2025
Мајкл Портер Јуниор го постигна 17 поени, Џулијан Стротер додаде 12, а Кристијан Браун постигна 11 поени.
Кион Џонсон го предводеше Бруклин со 22 поени, Тајрис Мартин постигна 17, Ноа Клуни 15, а заборавениот Бен Симонс имаше десет поени и седум асистенции.
Резултати:
Индијана – Голден Стејт 108:96
Орландо – Милвоки 106:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Бостон – Сакраменто 97:114
Њујорк – Оклахома 101:126
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105