Skip to main content
Македонија

Не помина ни интерпелацијата за Стоилковиќ

10/01/2025  21:44

Со 54 гласови “против“, 7 „за“ и без воздржани Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоињковиќ, поднесена од коалицијата за Европски фронт.

Претходно собраниското мнозинство, со три гласови „за“, 64 против и без воздржани, ја отфрли интерпелацијата и за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“.

Со 61 глас „за“, 22 „против“ и ниеден „воздржан“, пратениците во текот на денот ја изгласаа интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути од ДУИ. Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на Левица, поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него.