Skip to main content
Македонија

Најмногу метеж на „Табановце“ имало во јуни, јули и август, најмалку во ноември

09/01/2025  16:52

Граничниот премин „Табановце“ бил најмногу оптеретен во летниот период односно во месеците Јуни, јули и август покажуваат податоците на МВР, тогаш влегле и излегле најмногу странски државјани. Во месеците јануари, мај, октомври и декември влегле и излегле најмногу македонски државјани, соопштија од МВР за МИА.

Според податоците на полицијата во јануари влегле и излегле вкупно 162.758 странски државјани. Стандардно, нашинците кои се на работа во западноевропските држави се враќаат таму и лани во овој месец од земјава излегле 137.107 македонски државјани, а влегле 86.839 лица.

Во февруари влегле и излегле 158.879 странски и 151.452 македонски државјани и тој месец имало најмал број патници на преминот. Во март евидентирано е благо зголемување на бројот на патници, па така 181.229 странски и 183.829 македонски државјани.

Повеќе странски државјани излегле во април 128. 035, отколку што влегле 99.691, истовремено и повеќе македонски државјани излегле од државата 107.021, отколку што влегле 93.465.

Метежот според податоците на полицијата почнува во мај, па така тој месец кога се празнува влегле и излегле од земјава, 298.403 странски државјани. Над 111.000 македонски граѓани влегле во земјава, а вкупно влез и излез оствариле над 215 илјади државјани.

Летните месеци имало најмногу метеж на преминот, јуни кога почнува туристичката сезона влегле и излегле 359.058 странски и 158.920 македонски државјани. Во јули влегле и излегле незначително помалку странски државјани вкупно, 349.205 и 171.446 македонски државјани. Во август влегле 159.538 странски, а излегле 85.274 државјани, влегле 60.901, македонски, излегле 113.457 државјани. Веќе во септември се намалил метежот, влегле и излегле 296.966 странски и 160.854 македонски државјани. Октомври и ноември имало помал број поминувања, во десетиот месец влегле и излегле 243.485, странски и 201.136 македонски државјани, додека ноември вкупно поминале 176.159 странски и 176.418 македонски државјани.

Празнично во декември повторно имало метеж на ГП Табановце кој е најфреквентен премин во земјава, влегле 126.031 и излегле 88.935 странски државјани. Минатиот месец влегле дури 150.276 македонски, а излегле 98.631 државјани.