Skip to main content
Македонија

УХМР: Денеска температури до 15 степени, од викендот дожд и снег

09/01/2025  11:55

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени Целзиусови.