Skip to main content
Македонија

Филипче: 2024 ја одбележа неспособноста на Владата да се справи со економските предизвици

09/01/2025  10:04

2024 година беше обележана со целосно неконтролирани покачувања на цените во маркетите, кои претставуваа директен удар врз џебот на македонските семејства. Наместо да реагира и да ја заштити куповната моќ на граѓаните, Владата на ВМРО-ДПМНЕ дозволи овој „грабеж” да се одвива пред нејзините очи, со целосна поддршка и пасивност на премиерот Христијан Мицкоски.

„Разликата меѓу приходите и трошоците на граѓаните никогаш не била поголема. Ова е јасен показател за неспособноста на Владата да управува со економијата во интерес на граѓаните. Наместо да создаде економска стабилност, Владата ги фаворизира интересите на малцинството – на бизнисите кои профитираат на штета на обичните граѓани,” потенцира Филипче во интервју за „Независен”.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни своите ветувања за подобрување на животниот стандард, туку ја доведе државата во економска несигурност. Платите стагнираат, куповната моќ на граѓаните се намалува, а политиките на Владата се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси.

СДСМ останува цврсто посветен на борбата за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување економска стабилност за сите.

Линк до целото интервју : https://nezavisen.mk/vmro-dpmne-raboti-na-bogatenje-na-elitite-intervju-so-venko-filipche/