Skip to main content
Македонија

СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ

08/01/2025  14:30

СДСМ нема да ги поддржи предложените интерпелации за Тошковски, Меџити, Стоиљковиќ и Исени, соопшти денеска портпаролката на партијата, Богандка Кузеска.

„Да. Остануваме на ставот, тоа е и одлука на Извршниот одбор на партијата, нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе ги усогласи настапот на седницата“ кажа Кузеска.

Седницата на која ќе се најдат и интерпелациите, е закажана за 10 јануари.