Skip to main content
Свет

Терористички напад во Турција – има загинати и ранети

23/10/2024  16:16

Експлозии имало во просториите на ТАИ Анкара Кахраманказан. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека има загинати.

Станува збор за комплексот на ТАИ, турската авијациска индустрија, а властите и медиумите во Турција нападот го означија како терористички.

Наведено е дека персоналот од безбедносни причини бил испратен во засолништа. На местото на настанот се испратени безбедносни сили, пожарникари и медицински екипи.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја исто така го потврди нападот.

„Имаше терористички напад врз објектите на Турската аероспејс индустрис АД (ТУСАШ) Анкара Кахраманказан. За жал, по нападот имавме мртви и повредени луѓе. Господ да ги смилува нашите маченици, а на нашите ранети им посакувам брзо закрепнување Ќе ја информираме јавноста за развојот на настанот, ве молиме разгледајте ги само изјавите од официјални извори.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.