Како што се приближуваме до крајот на 2024 година, многумина повторно ги разгледуваат чудните и морничави предвидувања на Баба Ванѓа.
Родена во 1911 година како Вангелија Пандева Гуштерова, стана позната по нејзината наводна способност да гледа во иднината. Баба Вања го изгубила видот на 12-годишна возраст откако страшно невреме го погодило нејзиното село. Сепак, неколку години подоцна таа тврдеше дека нејзината способност да ја предвидува иднината станува сè помоќна по овој инцидент, се’ до нејзината смрт во 1996 година.
Нејзината репутација беше таква што дури и светските лидери, наводно, побарале нејзин совет по светските војни во 20 век.
Во текот на својот живот таа давала голем број предвидувања, од кои некои се оствариле, вклучувајќи ги и големите настани како што се нападите од 11 септември и смртта на принцезата Дијана.
Нејзините предвидувања за 2024 година
За 2024 година, Баба Ванѓа предвиде глобална финансиска криза која ќе предизвика растечки тензии насекаде.
Милиони луѓе ширум светот сè уште се на работ на сиромаштија и се борат со инфлацијата. Кратењата на работните места и економската несигурност ги отежнуваат работите на глобално ниво.
Уште една голема прогноза на Баба Вања беше еколошката криза, а може да се каже дека воопшто не погреши!
Годинава го имавме најтоплото лето досега, додека времето беше немилосрдно во многу области низ светот. Се појавија екстремни временски феномени, како што се невидените поплави во Валенсија, Шпанија и разорните бури во Европа и Америка.
Значи, се чини дека климата е во криза, токму како што предвидела слепата баба.
Таа, исто така, предвиде голем медицински напредок во лекувањето на ракот и Алцхајмеровата болест – и оваа година светот забележа вистински напредок. Лекарите воведоа нови дијагностички тестови способни за откривање на рак кај деца помлади од 18 години, а имаше и големи откритија во лекувањето на ракот на грлото на матката.
Кај Алцхајмеровата болест, клиничките испитувања покажаа ветувачки резултати, со третмани кои ја модифицираат болеста одобрени во Велика Британија.
Извор: gazzetta.gr