На 23 декември 2024 година, околу 12:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, возач со патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Полициските службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје брзо реагирале, го пронашле и го привеле возачот, идентификуван како З.Г. (64) од Скопје.
Лицето е задржано во полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.