Skip to main content
Хроника

Хорор во Карпош: Млада девојка додека го шетала своето куче била нападната од глутница кучиња-ја собориле на земја

23/10/2024  15:21

Жена која живее во Карпош, била сведок на страшен настан деновиве, истата објави сведоштво, каде според неа, млада девојка била нападната го глутница кучиња. Ова доаѓа во период кога скопјани посочуваат дека постојано се сведоци на чопор кучиња, а на социјалните мрежи има и куп снимки.

„Добро вечер, утринава бев сведок на многу непријатен, страшен настан, на улица Вич, во Карпош 4, веднаш до градинката, млада девојка додека си го шеташе миленичето ја нападнаа глутница кучиња. Девојката се обидуваше да се одбрани, но беа премногу кучиња околу неа, успеаа да ја соборат на земја, за среќа на помош и притрча маж и успеа да и помогне. Бидете внимателни кога излегувате со вашите миленичиња, а и кога се движите низ населбата. Премногу улични кучиња има во школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов, спроти градинката, во паркот кај Трите убавици, (улица Вич број 24, 26 и 28) секоја вечер има глутници од најмалку десетина кучиња. Живеам на повисок кат и не успевам добро да ги снимам глутниците кои секоја вечер се во паркот, има и спроти Тинексот на Парапунов… Се јавив во Лајка, ми рекоа прати маил, тоа и ќе го направам, но не ми дадоа голема надеж дека нешто ќе се промени, направи….“, пишува во сведоштвото.