Skip to main content
Свет

Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката

23/12/2024  09:56

Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а се излеа сулфурна киселина во реката Токантинс.

Одделот за државна транспортна инфраструктура соопшти дека во попладневните часови се урнал централниот дел на мостот долг 533 метри што ги поврзува градот Естреито во државата Маранхао и Агиарнополис во државата Токантис.

Камион кој превезувал сулфурна киселина паднал во реката, јавува Ројтерс.

Пожарникарите соопштија дека едно лице загинало, а според првичните проценки, во моментот на уривањето на мостот имало најмалку единаесет лица.