Skip to main content
Свет

Сиси разговараше со Путин за напредокот на соработката во рамките на БРИКС

23/10/2024  11:12

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека благодарение на единството е направен чекор напред во БРИКС во интерес на сите земји членки, вклучително и во областа на трговијата.

„Го гледаме и напредокот што БРИКС го постигнува во интерес на сите негови учесници, без оглед на сите притисоци, особено во трговските односи, пред се меѓу Египет и Русија“, рече Ал-Сиси на средбата со Путин.

Од 22 до 24 октомври во Казан се одржува 16. Самит на БРИКС, клучниот настан на руското претседателство со оваа меѓудржавна алијанса.