Синоќа имало пукање пред трговски центар во Берлин, кога неколку напаѓачи отвориле оган врз маж.
Полицијата во саботата вечерта извршила голема акција при што едно лице е тешко повредено. Полициски хеликоптер на терен трага по сторителите.
Според досегашните информации, полицијата и пожарникарите биле алармирани за пукање и едно лице со прострелни рани околу 19 часот и 30 минути. Лицето со прострелни рани опасни по живот е пренесено во болница.
#Berlin #Hohenschönhausen – Mann durch Schüsse vor Einkaufszentrum schwer verletzt, SEK bei Absuche nach Tatverdächtigen im Einsatz pic.twitter.com/Al5BeKOBrE
— Fotograf T. Peise (@ThomasPeise) December 22, 2024
Ова пукање се случи само еден ден по терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург. Тогаш Талеб А, 50-годишен лекар од Саудиска Арабија, со својот автомобил влетал на пазарот.
Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети.
Официјални лица потврдија дека напаѓачот е државјанин на Саудиска Арабија, кој речиси две децении живее во Германија, каде што работи како лекар. Повеќе германски медиуми го идентификуваа осомничениот како Талеб А. Во извештаите се наведува дека тој е експерт за психијатрија и психотерапија. Се уште не е утврден мотивот поради кој Талеб А. налета на толпата. Наводно, насилникот со години на интернет искажувал исламофобични ставови.