Министерството за здравство информира дека на сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52 000 лица, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонски грип.
Во пунктовите за вакцинација првите два дена се вакцинирани 8 800 лица.
Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.
Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.