ДУИ и СДС да го осудат бегството на криминалецот од црната листа на САД, Груби, и да го повикаат да се врати.
ДУИ треба јавно да каже дали го поддржува бегството на криминалецот од црната листа на САД, Груби?
СДС како верен соизвршител исто така треба да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби?
Срамно е како Груби се обидува да се пазари со судот дали да оди во притвор или не. И покрај тоа што е свесен за криминалите кои ги направил, и покрај тоа што е препознаен меѓународно како корумпиран и криминалец, тој сепак сака да се пазари со правдата.
Очигледно е дека Груби нема ниту грам морал, ниту одговорност, кога избега наместо да се соочи со аргументите пред суд.
ДУИ и СДС кои глумеа европејци, сега молчат за бегството на Груби и наместо да го повикаат да се врати се кријат.
Доколку ДУИ и СДС одмолчат, тогаш станува јасно дека го поддржуваат Груби во бегството.